Вања Ѓорчевска била врзана и потоа ставена во вреќа за спиење во подрумот во зградата каде живеела и потоа така изнесена од зградата, објави ТВ 24 од извори на истрагата.

Со тоа се објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти. Токму овој факт предизвикуваше дилема во јавноста бидејќи не беше сватливо како може никој да не забележи и да реагира на грабнувањето.

Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда. Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Упа Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски, во која во минатото биле и канцелариите на компанијата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.