Голем пожар гори во расадникот во Кисела Вода.

Како што информира директорот на Центарот а управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во овој невообичаен шумски пожар среде град, горат ореови дрвја, грмушки и трева, а пожарот се шири во сите насоки.

Како што информира Ангелов, ангажирани се неколку противпожарни екипи, кои се трудат да ги заштитат сите објекти во околината на расадникот.

Ангелов апелира до граѓаните дека нема потреба од вознемиреност без оглед на чадот што се крева и се гледа во голем дел од градот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.