Полицијата вчера после полноќ лишила од слобода вработен во ЈП „Комунална хигиена Скопје“ кој заедно со уште неколку лица физички нападнале вработен кој во моментот ги извршувал своите работни задачи.

– Денеска (10.07.2023) во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.