Вчера во 09.10 часот на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Г.(28) од Скопје.

За него била распишана централна потерница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, извршено на 21.08.2022 на подрачјето на Карпош, каде со огнено оружје му нанел повреда на Б.Ѓ.(44) од Скопје.

Од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена и бил предаден на надлежната казнено – поправна установа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.