Пожар ја зафати дивата депонија во Кичево, која е направена од Општината и ЈП „Комуналец“ – Кичево, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски.

Во објава на „Фејсбук“, тој вели дека подолг период се случува „еколошка катастрофа“ во Кичево, каде што Општината и ЈП „Комуналец“ –Кичево фрлаат отпад во центарот на градот и побара одговорност за загрозување на животот на граѓаните од Општина Кичево.

– Еколошка катастрофа во Кичево. Веќе подолг период, Општината и комуналното претпријатие фрлаат отпад во центарот на градот. Смрдеа, глодачи, станува неподносливо да се живее. Ова кулминира со пожар, кој ја зафати оваа дива депонија направена од Општината. Мора да има одговорност за загрозувањето на животот на граѓаните на оваа наша прекрасна Општина. Иако, како ВМРО-ДПМНЕ, апелиравме и пријавуваме, се случува невиден хаос. Ги повикувам надлежните институциите да постапат веднаш – напиша Сајкоски на „Фејсбук“. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.