Едно лице загина а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила попладнево о лифт во угостителски објект во Штип, потврди штипската полиција.

Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.

Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.