Според првичните информации едно лице е починато, други тројца се тешко повредени во сообраќјната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште.

Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути.

На местото на настанот излегоа крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.

Како што информираат од Автомото сојузот, патот Штип – Делчево веќе е пуштен за сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.