Две жени загинаа во тешката сообраќајна несреќа што утрово околу 9 часот се случи на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас.

Според информациите од МВР, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.