Италијански медиуми јавуваат за тешка сообраќајна несреќа која се случила во областа Аки Терме во Италија во која загинале С.С. и М.Г. кои се од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во колата биле уште двајца нивни другари.
Возило „фиат пунто“ се судрило со „голф“ за време на силен дожд. Момчето кое го управувало автомобилот ја добило дозволата пред два дена.
Едно лице е тешко повредено и е во критична состојба. Возачот на голфот, 46-годишен маж, поминал со полесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.