Двајца млади охриѓани, кај кои е пронајден кокаин, рано изутринава биле приведени во ноќен клуб во Охрид, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 01.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е Х.П., на возраст од 29 години. Полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. Во 02.30 часот, во ноќен клуб лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, приведен е 31-годишниот Г.Ш., затоа што кај него полициски службеници пронајдоа кокаин, се појаснува во соопштението.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.