Притвор од 48 часа добија две лица кои се осомничени дека имале улога во грабнувањето на Самоил Костадиновски, внук на Љубе Бошкоски. Судија од Кривичен суд го прифатил предлогот даден од скопското Обвинителство, па лицата со иницијали В.М. и С.Ч. ќе останат во затворот во Шутка.

Притвор од 48-часа бара обвинителството за две лица кои се осомничени за киднапирањето на внукот на поранешниот премиер Љубе Бошкоски.

На 08.03.2023 од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода В.М. и С.Ч., поради сомнение за нивна  инволвираност во случајот во врска со исчезнатото лице С.К.(26) од Скопје. Двете лица денеска (09.03.2023) се изведени пред ОЈО Скопје“, објави МВР.

За лицата постои сомнение дека со своите дејствија учествувале во кривично дело – Грабнување од член 141 од Кривичниот законик.

Братот на Самоил Костадиновски на четврти март пријавил дека е исчезнат. Тој е внук од братот на Виолета, сопругата на Бошкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.