Од Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на контролите во сообраќајот, вчера на територија на главниот град Скопје изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 84 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола.Како што соопшти МВР, изречени се и три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, осум за користење мобилен телефон при возење, три за некористење сигурносен појас, шест мерки за возење под дејство на алкохол, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за недавање првенство на минување на пешаци и три санкции за непрописно престигнување и обиколување.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.