Дваесет дена го надгледувале тунелот, но никој од затворениците не дошол да продолжи да копа. Доскорешниот директор на затворот Идризово Шпенд Тахири за Телма вели дека наместо пофалба за поткритието добил политички отказ. Но затоа Тахири не може да потврди дали некој од вработените затворски службеници им помагал на осумтемината затвореници во филмскиот план за бегство.

Дознавме на 15-ти февруари дека е ископан тунел. Поставивме контрола и заедно со управата за извршување на санкции приметивме една локација со тазе бетон. Тунелот бил во една просторија каде осудените лица ја користеле за шетање. Постапката е од 01.03 до 17.03, а реализацијата беше на 21.03. Секој ден очекував да ме разрешат, но сепак си продолжував со работа. Тунелот е успех, а разрешувањето е политички реваншизам“, вели Шпенд Тахири поранешен диркетор на КПД „Идризово“.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.