Триесет дневен притвор добија шверцерот на злато и македонскиот цариник кој му помагал да помине непријавен преку зелениот коридор на скопскиот аеродром.

Во авионот со 32 годишниот шверцер патувала и сестрата на цариникот, а заедно сакале да протнат 45 килограми злато вредно над 2 милиони евра.Филмското сценарио го откриле колегите на цариникот кои се посомневале во неговите постапки. Во деталите на обвинителството се наведува дека царинскиот службеник го зел багажот и од сестра си и од осомничениот шверџер, ги ставил на количка за багаж, по што сите тројца се упатиле кон излезот без да пријават царинска стока. „Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента која сомничениот цариник ја тргнал и продолжил кон излезот.

Осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со странскиот државјанин да се движи кон излезот. Царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот.

Директорката на царинската управа Кутиров вчера во детали го образложи случајот. Во накитот имало дијаманти, благородни камења.

Веста за обидот на криумчарење на вреден накит беше со внимание проследена и во регионалните медиуми, особено и поради фактот што осомничениот 32 годишен шверцер имал двојно државјанство, српско и турско.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.