Обвинение е подигнато против осум лица поврзани со минатогодишната кражба во депото на Вишиот суд во Подгорица, до кое крадците дошле преку тунел ископан од соседната зграда. Против едно лице истрагата е прекината.

Основното државно обвинителство во Подгорица подигна обвинение пред Основниот суд во Подгорица против шест лица, поради кривично дело организирање криминална група во врска со тешка кражба.

Против едно лице е поднесено обвинение за организирање криминална група во врска со тешка кражба и фалсификување документи, а против едно лице за помагање на сторителот по извршувањето на кривично дело.

Според обвинението, од депото на Вишиот суд во Подгорица биле противправно одземени 11 мобилни телефони, како и 19 парчиња огнено оружје, од кои 11 биле од предмети кои завршиле со правосилна пресуда, а останатите осум од предмети кои сè уште се во процес.

Исто така, биле одземени и помали количини дрога – марихуана, хероин и кокаин од три правосилно завршени предмети и два предмети кои сè уште се во постапка, се наведува во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.