Клучното прашање кое се поставува во овој случај е кој е оштетен. Дали тоа е Силјан Мицевски е оштетен или ГП Пелистер. Истото се однесува и за Амзоски. Тој во 2017 година бил само полномошник на Дрим билдинг и не може да биде оштетен, истакна бранителот Сашо Дукоски на денешното рочиште.

Самиот Мицевски истакна дека за проектот за изградба на дом за стари лица прочитал во весникот “Нова Македонија”. Кога тој почуствува дека е измамен – дали кога даде исказ дека не се чуствува измамен и оти верува во проектот или откако му влезе Финансиска полиција, праша Дукоски.

Ако се анализира исказот на Мицевски, јасно е, вели Дукоски дека тој навистина верувал во проектот на Јовановски.

Вие него ќе го измамите за 719.000 евра со склучен договор. Јас во тоа не верувам. Кој е Бојан да го измами Мицевски, праша Дуковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.