Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје денеска во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје.
С.Р., како што информира МВР, беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот „Скендербег“ држел пиштол во раката, но не го употребил.
-Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.