Министерството за внатрешни работи соопшти дека се пронајдени дрога, оружје, ножеви и други забранети предмети при денешниот претрес во КПУ Идризово на службениците од Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Оддел за криминалистичка полиција и Оддел за специјални полициски операции – Единица за брзо распоредување и СВР Скопје во координација со надлежен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, координирано со Управата за извршување на санкции, во насока на превентивно делување и спречување на вршење на кривични дела во казнено-поправните установи.
По добиена наредба од судија за претходна постапка извршени се претреси во вкупно 25 ќелии во различни одделенија во КПУ Идризово. При претресите пронајдени се: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни валути и апоени, 50-тина мобилни телефони, компјутерска галантерија, 37 ножеви и повеќе други остри предмети, дрога во прашкаста, течна состојба и таблетки и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривични дела, изјави портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.
Оттаму информираат дека дел од пронајдените предмети се одземени за понатамошна постапка од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, додека останатите предмети се предадени на затворска служба за понатамошна постапка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.