На подрачјето на општина Карбинци, Штипско, полицијата ги приведе Н.С.(56), А.Н.(37) и М.С.(36), сите од село Карбинци, Штипско, бидејќи кај нив се пронајдени и одземени околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од која при берба би се добиле околу 8 тона марихуана, со пазарна вредност од над 5 милиони евра, соопштија од МВР.

Имено, по преземени мерки и активности полициски службеници во атарот на село Карбинци открија површина од околу 1.300 м2 засадена со околу 15.500 стебла од растението cannabis sativa, од кои дел во цветови. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, и со претходно обезбедени Наредби за претрес на дом и други простории од Основен кривичен суд Скопје, извршени се претреси на 5 локации во село Карбинци во врска со производство на наркотична дрога марихуана, при што кај едно лице се пронајдени 690 растенија канабис, кај второто лице 36 растенија, а во нива сопственост на третото лице се пронајдени 15.415 растенија канабис, како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.