На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.