Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18 часот во Тетово го привеле дваесет и осумгодишниот В.С. од тетовското село Стримница.
Тој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
В.С. е предаден во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.