21-годишна девојка од Штип е уапсена откако со нож го нападнала и го повредила својот вонбрачен партнер, кој претходно физички ја нападнал нејзе, соопшти МВР.

На 23.10.2022 во 03.40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е приведена А.С.(21) од Штип, затоа што околу 00.10 часот во Штип, по вербална расправија, откако била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.Б.(25), со остар предмет го нападнала и го повредила. Тој бил пренесен за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип“, се вели во полициското соопштение.

Во координација со Јавен обвинител, по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.