На 26.09.2022 во 08:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(44) од Скопје.

Тој се сомничи дека околу 00:30 часот физички го малтретирал своето мало бебе, кое подоцна починало.

Смрт констатирал лекар од Детска клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде било пренесено се укажување помош.

Според пријавеното, околу 00:30 часот, С.Б.(44) го удирал бебето, а потоа физички ја нападнал и својата сопруга А.М.(36) од Скопје.

После тоа, А.М. го однела бебето во клиниката, каде била констатирана смрт.

Против С.Б. е поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.