Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола, извршиле увид на лице место на опожарениот објект на бугарскиот центар за култура „Ванчо Михајлов“.

Првичните наоди од увидот упатуваат дека е опожарен влезниот дел од објектот. Подигнати се траги од лице место за кои јавниот обвинител издаде наредба за вештачење – се наведува во соопштение од Јавното обвинителство.

Со цел откривање на сторителот, јавниот обвинител веднаш издал и наредби за обезбедување на снимките од безбедносните видео камери на самиот објект, но и на околните објекти.​

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.