Во периодот од 2. до 4 јуни полицијата во координација со УЈП извршила контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје при што се приведени 14 лица кај кои е пронадена дрога.

Од 02 до 04 јуни 2022 година во рамки на засилените активности на Министерството за внатрешни работи за спречување на недозволената трговија со дрога и други кривични дела, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, Специјална антитерористичка единица Тигар и Единица за службени кучиња во координација со Управата за јавни приходи извршија контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје, при што се легитимирани повеќе од 150 лица, а приведени се 14 лица кај кои е пронајдена дрога (бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, екстази…). Приведени се Ј.Т., Д.Ш., Ф.И.,  С.М., Л.П., Б.А., С.Л., Ф.Ј., Љ.П., Ф.С., О.Ј, Т.Г., Н.Б., Х.Г. – информираат од МВР.

Меѓу приведените е и Ф.И.(25) од скопско, полициски службеник, кој не бил на работна задача, а при прегледот кај него е пронајдена дрога. За случајот веднаш е известен и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и преземени за натамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.