Кавадарчанка пријавила во полиција дека лице со кое била во љубовна врска извршило полови дејства врз нејзината ќерка

На 9 април во 21.00 часот во ОВР Кавадарци, 38-годишна кавадарчанка пријавила дека на почетокот на месец март, врз нејзината малолетна ќерка било извршено полово дејствие, од лице со кое била во љубовна врска и кое било полнолетно, информираат од СВР Велес.

За настанот известен бил јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.