Син физички го нападнал татка си со тврди предмети.

На 9 април во 19.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Г.С.(43), затоа што во семејниот дом, по кратка вербална расправија, физички го нападнал неговиот 69-годишен татко, при што употребил и тврди предмети“, информираат од СВР Велес.

Г.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и спроведен во здравствена установа.

По документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.