Едногодишно бебе почина денеска во охридската болница.

Според информациите од СВР Охрид, бебето утрово во 7:44 часот, било донесено во тешка здравствена состојба, а по реанимацијата, констатирана е смрт.

Состојбата на бебето, како што се наведува, е резултат на претходни заболувања и нема траги на насилство.

За настанот е информиран јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.