Вчера во 17.10 часот во СВР Тетово, З.Р.(42) од Тетово пријавил дека околу 14.50 часот во неговиот угостителски објект во Тетово, Ф.Д., М.Н. и Ѓ.С. оштетиле дел од инвентарот, физички го нападнале него, од вработениот со закана одзеле пари, додека пред објектот со тврд предмет оштетиле патничко возило „ауди а7“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Ѓ.(41) од Скопје, гостин во објектот.

По преземени мерки било констатирано дека Ф.Д. е лице со здравствени проблеми, по што полициски службеници од СВР Тетово го обезбедиле и го спровеле во здравствена установа во Скопје, велат од тетовската полиција, додавајќи дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.