На 16.10.2023 во 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Велес-Скопје, кај клучка Хиподром, патничко моторно возило „дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ц.Д.(82) од Скопје, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила сопатничката В.И.(75) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.