Вчера во 13.00 часот било пријавено дека на автопат Скопје-Тетово, пред клучка Кондово, патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Џ.(33) од село Буковиќ, скопско, удрило во велосипед управуван од С.В.(40) од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Со телесни повреди се здобила Н.Џ., нејзината сопатничка А.Џ.(28) и уште тројца малолетници од возилото, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.