Затворениците од „Идризово“ коишто ископале тунел за бегство, ја фрлале ископаната земја од тунелот во најлонски кеси во просторот за смет. Врз кесите со земји биле фрлани најразлични отпадоци за да се прикрие копањето, објавува Телма од свои извори. Било лесно затоа што во близина имало градилиште и мини затворска депонија со контејнери.

Осудените лица осмислиле добар план. Тие почнале да го копаат тунелот од простории  до кои имале пристап само кога биле на пауза за шетање. Затворската полиција ретко, или никогаш, не влегувала во овие објекти. Тие користеле греди и кабел со сијалица за да им свети додека копаат под земја.

Телма со дигитална проверка на јавно достапни податоци утврдила дека тунелот е откриен во близина на затворската депонија. Тунелот почнувал во поранешната работилница која се наоѓа до главната затворска зграда во затворениот дел на затворот Идризово.

Оттаму тунелот се простира во правец на југоисток, а ископаниот дел стигнал речиси до ѕидините на затворот. Тунелот за да биде успешен потфат за бегство, требало да продолжи под ѕидот односно во тој дел да биде подлабоко ископан.

Повеќе на Телма.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.