Синоќа во 19.15 часот во дом во Охрид на улица „Железничка“ дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Според неофицијалните информации на „Нова“, прво таткото го удрил синот, а потоа 18-годишникот му возвратил повредувајќи го со нож во пределот на телото.

Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.