Албанија ги заострува казнените мерки за кривични дела во семејството, особено врз децата.

Тоа се предвидува со Предлог- измените на Кривичниот законик, што треба да ги изгласа Законодавниот дом.

Предлог-измени до Собранието се поднесени од Министерството за правда, каде најпрвин се бараат гласовите на пратениците за да се укине правото на намалување на казната за сторителите на кривични дела во семејството, главно насилство, јави Ора њуз.

Според предложените измени, судиите законски нема да можат да одземат третина од казната, како досега, ако обвинетиот се согласи на скратена судска постапка во случај на семејно насилство, така што во иднина сторителот ќе мора да ја одлежи казната во целост, согласно законот.

Нема да има толеранција за убивање дете, а казната ќе биде максимална, односно доживотен затвор.

Зголемениот број случаи на семејно насилство, главно врз жени, како и убиства на малолетници, се показател дека треба да се преземат вакви построги мерки за сторителите на кривични дела, не давајќи им можност да бидат ослободени порано од законски определеното време, додава телевизијата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.