Полицијата во Нојнкирхен во германската покраина Сар примила неколку повици за четворица мажи кои носеле печено животно на ражен.

Локалните медиуми објавија дека очевидци повикале полиција и изјавиле дека животно било набиено на ражен со виснати нозе. Снимени се и видеа кои кружат на социјалните мрежи, пренесува магазинот „Феникс“. Наводно има уште едно видео на кое се гледа дека животното веќе е печено

Портпаролот на полицијата потврдил дека се запознаени со случајот.

Полицијата е запознаена со видео снимките. Покрената е истрага поради сомневање за прекршување на Законот за благосостојба на животните. На некои од клиповите се гледа дека животното е овца. Сепак, тоа се уште не е потврдено, изјавил портпаролот.

Тој додал дека првично е под знак прашалник дали инцидентот воопшто има кривично-правно значење.

Според Кривичниот законик, како злоупотреба на животни е забрането само неоправдано убивање животни и мачење. На пример, дозволено е да се убие животно откако ќе се зашемети за да се пече на скара и да се јаде“, изјавил тој.

Неколку дена подоцна полицијата излезе со нови информации и откри дека мажите на видеото се Бугари кои живеат во Нојнкирхен.

Месото е подготвено под законски околности и е добиено од блиска месарница. Бидејќи немале возило, го носеле по улицата. Тие не се соочуваат со никаква казна бидејќи нема кривично дело“,  изјавила портпаролката на полицијата.

Тоа ги смири граѓаните кои ги повикале властите за да го пријават случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.