Девојчето Е.К. (14), ќерка на одбојкарот и тренер Драган Кобиљски, кој настрада кога момче (13) на 3 мај смртно уби осум негови врсници и чувар на основното училиште „Владислав Рибникар“, беше погребанo вчера на Централните гробишта во Белград.

На погребот монахот Иларион одржа пофалница и пригодна реч и по тој повод рече дека на тој кобен ден ова девојче храбро застанало пред момчето-убиец и така спасило животи на многу деца.

Денеска ми е исклучително тешко да зборувам. Од оваа мака и болка се молиме Господ да им даде сила на родителите, да продолжат да живеат за Ема. Таа е војник и херој Христов и не случајно паѓаат најдобрите, за да можеме да продолжиме да живееме поради нивната жртва. Треба да се молиме и за момчето и неговата несреќна душа. Таа застана на патот на злото што беше во тоа несреќно момче и рече: „Зошто го правиш тоа, престани“, и даде време да се спасат некои деца. Кога ќе се сретнеме во другиот свет, ќе кажеме благодарам што не бранеше и заштитуваш. Исто како Драган, за кого велат дека бил кум во тоа училиште – гласеа неговите зборови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.