Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ЛГБТ манифестацијата „Европрајд“, која беше најавена за септември во Белград, ќе биде откажана „или одложена“.

Во своето обраќање до граѓаните, Вучиќ порача дека одржувањето на манифестацијата не е можно во моментите на „тешка криза на Косово и Метохија“ која, како што оцени, нема да заврши барем до 31 октомври.

Не го велам тоа затоа што сум многу среќен затоа што нема парада, ги загрозуваме правата на малцинството, но државата е под притисок од сите можни проблеми, мора да се справиме со храна и суша, со енергетските проблеми. Едноставно, во одреден момент не може се да се постигне – порача Вучиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.