Српскиот претседател, Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се приклучи на сите одлуки на Генералното собрание на ОН за нарушување на територијалниот интегритет на Украина во конфликтот со Русија, но дека ќе ги отфрли сите оние кои се однесуваат на санкциите против Русија.
Вчера имавме девет гласања, во осум не се придруживме, на едно гласање се приклучивме. Денесka имаме едно каде што ќе се приклучиме, па така секој ден, само информирајте ме на крајот за тие бројки. За се она што се однесува на рушење и кршење на територијалниот интегритет, Србија се приклучува, за она каде што се во прашање санкциите, Србија нема да се приклучи, барем додека можеме да издржиме и ова уште малку, уште неколку дена додека сум де факто претседател на републиката. Е сега, откако ќе изберете (на изборите) некој друг, тоа е друга приказна – изјави Вучиќ.
На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.
До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку важат декларациите за големото почитување на независноста и правото на другите земји сами да одлучуваат – кажа Вучиќ.
На прашањето како ги коментира барањата на поединци Србија, како и ЕУ, да ги забрани руските канали „Спутник“ и „Русија Тудеј“, Вучиќ кажа дека „некои во Србија сакаат да ги забранат сите медиуми што зборуваат поинаку од нивиот став“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави и дека Хрватска има право да ја подигне борбената готовност на своите вооружени сили и додаде дека „на Србија не и паѓа на памет да прави такви работи“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.