Претседателот на Србија Александар Вучиќ по седницата на Владата изјави дека Владата донела одлука со барање за враќање на српските безбедносни сили според резолуцијата 1244. Тоа барање ќе биде доставена до командантот на КФОР.

Одлуката е донесена едногласно, изјави Вучиќ и додаде дека тоа би било добра одлука и ќе ги намали тензиите.

Претходно, Вучиќ изјави дека Приштина денеска и официјално го прекршила Вашингтонскиот договор со аплицирање за членство во Европската Унија, а одговорот од Белград ќе биде соопштен вечерва по седницата на владата.

„Денеска тие официјално го прекршуваат Вашингтонскиот договор, а на сето тоа ќе одговориме вечерва по седницата на владата на која бев поканет. Ќе добиете одговори и за нашето барање во врска со резолуцијата 1244 на ОН, како и повлекувањето на признавањето на Косово од многу земји“, одговори Вучиќ.

Вучиќ рече и дека барањето на Косово за членство во ЕУ го прекршува членот 49 од Договорот за ЕУ.

Не знам по кои критериуми се гледа дали некој е држава или не. Дали една, па и најголемата членка на ЕУ, мисли така, дали сите мислат така или се базира на членство во ОН. Ние Научивме од сето тоа. Ќе мораме максимално да се бориме и да ги заштитиме нашите државни и национални интереси“, рече Вучиќ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.