Следниот круг од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18 август во Брисел, потврди Петер Стано, портпарол на Европската Унија, пренесе Бета.
Можам да потврдам дека откако високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел ги покани двете страни во Брисел, а српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ја прифатија неговата покана и ќе дојдат во Брисел на 18 август, потврди Стано во писмената реакција доставена до медиумите.
Српскиот претседател и косовскиот премиер ќе бидат примени од шефот на европската дипломатија Борел, како и од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, со цел заеднички да разговараат за „натамошниот дијалог меѓу Приштина и Белград“.
Тоа ќе биде прва средба меѓу Курти и Вучиќ во рамки на дијалогот за нормализација на односите по повеќе од една година. Тие последен пат се состанаа во Брисел во јули 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.