Четири лица загинаа, а три се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случила кај селото Гавраилово во Бугарија.

Според информациите на бугарските медиуми, станува збор за директен судир на два мини-автобуса, откако едниот од возачите изгубил контрола и влегол соседната коловозна лента удрил во другиот автобус, по што се запалил.

Четворица починале на лице место, а еден се наоѓа на интензивна нега во животозагрозувачка состојба. Уште две лица од тешката несреќа се примени во болница со повеќекратни скршеници.

Според bTV, станува збор за работници од блискиот каменолом.

Поради тешката сообраќајка во моментов е затворена и клучката за Сливенското село Гавраилово на патот Подбалкански.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.