Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека најверојатно во среда или четврток ќе разговара со својот руски колега Владимир Путин.

Тој во интервју за ТВ Пинк истакна дека очекува добар разговор и дека има три работи кои се најважни кога е во прашање гасниот аранжман.

За нас најважни се количините, под два е цената, под три е безбедноста на снабдувањето со која досега не сме имале никакви проблеми. Првите два аспекта се клучни, рече Вучиќ.

Вучиќ, кој претходно денеска го отвори Меѓународниот саем за земјоделство во Нови Сад со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вели дека пријателството со Унгарија е од суштинско значење за Србија и дека нема причина двете земји да се грижат за храната.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.