Претседателот на Србија Александар Вучиќ активен на социјалните мрежи и додека ужива во македонските вина. За време на Макдонската вечер во Белград, која ја пофали, но и напиша дека е задоволен што должноста да пие вино преминала од него на Синиша Мали, Вучиќ сподели повеќе фотографии од Белград на вода и своите гости. На Фотографиите можеме да видиме дека поранешниот премиер во Белград не заминал сам, туку со својот верен другар, но и бизнис парнер, поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Димитар Ковачевски вечерва приреди фантастична македонска вечер во Белград, а Синиша како и обично ми раскажува за Кулата Белград и содржините што ќе ги има во неа. За среќа, а може да се види по неговиот израз, должноста да се напие виното му премина од мене на него. Да живее пријателството меѓу Србите и Македонците“, напиша Вучиќ.

Вучиќ исто така изрази особено задоволство што имал можност да го нагости и поранешниот премиер Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.