Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за прв пат по осум години, односно откако дојде на функцијата, јавно не му го честита роденденот на рускиот претседател Владимир Путин.

Путин на 7 октомври го прослави својот 72 роденден, но немаше јавна честитката од страна на Вучиќ.

Вучиќ, пред осум години седна на претседателската фотелја и секоја година на седми октомври му го честиташе роденденот на рускиот претседател, но таква честитка немаше годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.