Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека „ниту едно парче“ оружје продадено од Србија не може да се најде на бојното поле во Украина, ниту на двете страни.

Ние на никој од нив не продаваме оружје, изјави Вучиќ за ТВ Прва.

Тој посочи дека Србија продава муниција на Чешка, Шпанија, САД, Турција, Азербејџан, но како што наведе, невозможно е да се знае каде ќе се појави таа муниција и „тоа не можете да го изберете кога склучувате договор за извоз“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.