Иако вчера по состанокот во Брисел изјави дека не се разговарало за „потпишување на што било“ претседателот Александар Вучиќ вечерва на ТВ Пинк изјави дека Курти вчера направил трик во Брисел, ја претставил идејата заедно да се потпишат три документи, а мислејќи да не примени ништо, тој воопшто не е подготвен да потпише ЗСО. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена да примени сè што не се однесува на признавањето на Косово и членството во ОН, јави дописникот на МИА од Белград.
(Курти) Го изведе тоа вчера за последен пат. Прво имаше средба со лидерите на ЕУ, а потоа и со Борел и Лајчак. Станува збор за вториот, бриселско-охридскиот договор. Тоа го призна бидејќи знаеше дека Србија нема да го признае. Тој не е подготвен да формира ЗСО. Нема да исполни се, јасно е дека тоа беше трик за купување време, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека на овој начин Курти се обидува да го искористи времето и да продолжи со прогонот и малтретирањето на Србите.
Неколку пати им го кажав мојот став на Шолц и на Макрон, но вчера слушнавте дека нема да потпишам. Ми понудија да потпишам, но тоа е сета трик на Курти, повтори Вучиќ.
Не е лесно да се каже пред шефовите на ЕУ, Борел и Лајчак, пред тројцата најмоќни луѓе во Европа, кажав што сакам, но има работи што можам и ќе ги направам. Не беше лесно да се каже, и се однесував согласно Уставот, рече претседателот на Србија.
Тој посочи дека во ЕУ бараат мерки против Србија, тоа што се случи во Бањска да го прогласат за терористички напад, но не успеаја.
– Ќе има средби на највисоко ниво, верувам дека ќе ги продолжиме разговорите со ЕУ и соработката, но и покрај тоа што многумина се надеваа дека Србија ќе биде казнета и работеа на тоа да биде казнета, се плашам дека ќе остат со кратки раце, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.