Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека премиерот на привремените институции на Приштина Аљбин Курти е единствениот виновник и дека неговата единствена цел е да ја вовлече Србија во војна со НАТО.
„Единствениот виновник, иако тие што му помагаат во тоа се малку виновни, за се што се случува на Косово и Метохија е Аљбин Курти. Тој е човекот кој го смени Ѓуриќ, иако тоа е против бриселскиот договор. Тој ги остави луѓето сами да се грижат за својата судбина и цело време провоцираше. И жал ми е што дел од Србите паднаа на тие провокации. Аљбин Курти е единствениот виновен, единствениот сака конфликти и војна. Никој друг не сака конфликти и војна, негова единствена желба е да не вовлече во војна со НАТО и тоа е единственото нешто што го прави цел ден“, рече Вучиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.