Претседателот Александар Вучиќ на завчерашниот собир упати важни пораки кои се однесуваат на Србија, но имаат голема поврзаност и со она што се случуваше со Македонија кога СДСМ беше опозција.

Како и тогашната опозиција во Македонија,и опозицијата во Србија, бара техничка односно преодна влада шест месеци пред изборите во која ќе влезат опозициски министри.

Вучиќ им порача дека нема да има преодна влада, туку дека власта можат да ја добијат само на избори.

„Ве повикувам на дијалог, на разговор, но привремени влади нема да има. Се додека сум жив, владата ќе се избира на избори, со народна волја, а не со упади во институциите“, рече Вучиќ.

Претседателот додаде дека Ва со Србија не управуваат амбасадори и шефови на странски влади, туку дека државата сама ги носи одлуките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.