Познатиот белградски сплав „Фристајлер“ околу полноќ почнал да тоне, но за среќа никој не е повреден! Очевидци и луѓе кои биле на сплавот велат дека настанала паника и дека сите почнале да трчаат надвор кога водата почнала да се крева.

Една девојка снимила видео веднаш по симнувањето од потонатиот сплав и го објавила на социјалната мрежа Тикток.

Здраво на сите, ја чекавме Новата година на „Фристајлер“ и сплавот почна да тоне луѓе! Значи, водата ни беше до колена. Почна да тоне баша кај нас во сепарето. Јас почнав да плачам и да врескам. Добро е што сите преживеавме. Можеше да се удавиме во таа вода, вели девојката пред сплавот и додала дека „по се што се случило, ситуацијата и е смешна, но дека всушност ништо не е смешно и сите едвај излегле живи“.

Таа потоа, во второ видео детално објаснува дека прво во еден момент се расчистила гужвата пред нејзиното сепаре.

Мислев дека некој се степал, но тогаш, наеднаш сфативме дека водата е до нашите колена. Девојките беа во штикли, во фустани, што го отежнува излегувањето. Одеднаш сите се упатија кон излезот, ги оставија јакните внатре, беше пекол, таа раскажува како новогодишната ноќ се претворила во вистинска катастрофа.

Оваа девојка вели и дека била шокирана од коментарите на луѓето кои на веста за потонувањето на сплавот пишувале „Да даде Бог сите да се удавите“.

Не ја разбирате сериозноста на ситуацијата и не можам да верувам дека сте толку злобни, бидејќи некој навистина можеше да настрада. Замислете вашето дете или некој што го познавате да е таму и, не дај Боже, да се повреди? Размислете пред да пишувате глупости, го завршува своето видео на Тикток.

Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо
Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо
Фото: Стефан Стојановиќ/Мондо


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.