Познатиот сплав на Дунав ви Белград „Фристајлер“, почнал да тоне околу еден часот по полноќ, откако бил преоптоварен со луѓе на новогодишната прослава.

Како што велат за Курир.рс очевидци кои ја дочекаа Новата година на овој сплав, сплавот бил толку преполн што тешко се дишело.

Беше преполно, едвај можеше да се дише. Нема сомнеж дека сплавот беше преоптоварен. Не ми е прв пат овде, но никогаш не сум видел толку многу луѓе – вели соговорникот на Курир.

Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот и го евакуирале објектот. На местото на настанот биле испратени и две екипи на Брза помош, но според првичните информации нема повредени.

Понатамошната истрага ќе утврди што ја предизвикало оваа несреќа.

На следниот ЛИНК може да се види колку луѓе имало на сплавот пред да почне да тоне.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.